Со последната одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 01.06.2022 година

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што била утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 107,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 109,00 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 95,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 54,640 ден/кг.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 99,50 ден/лит.

Во образложението на одлуката стои: 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,027% или за 26,750 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за 2,774% или за 32,550 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 2,650 % или за 30,100 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,69% или за 4,600 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 57,6035 ден/$ и е за околу 0,101% понизок од курсот на доларот (57,6619 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.