Ново освежување заToyota RAV4
Актуелниот кросовер од петтата генерација, Toyota RAV4, дебитираше пред четири години, a jапонската компанија наместо за еден темелен зафат, како што тоа вообичаено се прави во средината на животниот циклус, се одлучи за повеќе помали рефреширања
Првото затегнување на брчките се случи минатата есен, кога кросоверот доби нови светлосни групи на носот на возилото, како и напредна опрема. Сега на ред е вториот сет на мерки за освежување, со кој Toyota RAV4 добива модифицирана внатрешност за европскиот пазар.
За прв пат во овој кросовер е достапна виртуелна инструментација, а тука е 12,3-инчен монитор со три различни режими на прикажување. Таков уред ќе биде инсталиран на сите верзии на RAV4, освен во основната верзија, која се потпира на претходната комбинација со аналогна табла и екран од седум инчи. Наједноставната верзија со екран од 4,2 инчи е целосно исклучена од опсегот.
Нов е и мултимедијалниот систем. Ако RAV4 претходно беше опремен со екрани од седум или осум инчи, во зависност од конфигурацијата, сега е понудена една опција, која вклучува единица од 10,5 инчи. Проширена е и функционалноста на уредот за управување со гласовни инструкции (Hey, Toyota), а сега има и можност за безжично освежување на софтверот. Интерфејсот CarPlay сега е и безжичен, а вклучува и можност за далечинско управување на одредени функции, кои би се вршеле преку паметен телефон. И покрај тоа, копчето за управување со системот е задржано,
Останатите подобрувања вклучуваат проширен коктел од електронски помагала за возачот – Toyota Safety Sense. Проширување има и на опсегот на достапни бои за каросеријата, но технички иновации нема. Инаку, почнувајќи од 2020 година, на повеќето европски пазари, Toyota RAV4 се нуди само како хибрид, додека основната верзија го најде својот столб во атмосферецот од два литри со 173 коњски сили. Го споменуваме, не затоа што е хибрид, туку затоа што се нуди само во некои источноевропски земји.
Воведната хибридна модификација нуди погон на предните тркала и 2,5-литарски мотор кој испорачува добри 218 коњски сили со помош на електричен мотор. Хибридот со интегрален погон има електрична единица поставена на задната оска, а во овој случај возилото е посилно за (само) четири коњски сили. На врвот на гамата е plug-in хибридот со 306 коњски сили.
Производството на освежениот SUV започнува во третиот квартал од 2022 година.