Со последната одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,93%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Северна Македонија од 21.02.2022 година

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) се зголемуваат за 1,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.02.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 86,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 75,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 1,00 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.02.2022 година и со тоа малопродажната цена Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 74,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,249 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.02.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 48,170 ден/кг.

Во образложението на одлуката стои: 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за 2,711% или за 24,400 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за 1,997% или за 16,300 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 2,329% или за 18,600 $/тон, и кај мазутот зголемување во просек за околу 2,701% или за 16,050 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 54,5600 ден/$ и е за околу 0,496 % повисок од курсот на доларот (54,2907 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.