Ново намалување на цените на бензините, дизелот минимално поскап
Со оваа Одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати
во просек за 0,31%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени
согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република
Северна Македонија од 23.03.2020 година
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 23.03.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 48,50 ден/лит. Кај малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се бележи намалување за 1,50 денари/литар во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 23.03.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 50,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 23.03.2020 година и со тоа, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 46,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 35,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,153 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 23.03.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 18,891 ден/кг.