Истражувачите од Медицинскиот факултет Robert Wood Johnson во Њу Џерси спровеле студија со 16.000 жители на Њу Џерси

Ако некогаш сте работеле во средина каде што сообраќајната бучава е присутна цел ден, можете да го разберете нејзиното влијание врз вашето физичко и ментално здравје. Колку и да ни е тешко да признаеме, автомобилите и мотоциклите придонесуваат за ова, особено во големите градови.

Истражувачите од Медицинскиот факултет Robert Wood Johnson во Њу Џерси спровеле студија со 16.000 жители на Њу Џерси за да ги истражат ефектите од бучавата врз телото, а Streetsblog USA ги објаснува резултатите и тие воопшто не се изненадувачки.

Срцевиот ритам е за 72 отсто поголем во урбаните средини со висока сообраќајна бучава. Покрај тоа, пет проценти од хоспитализираните со срцев удар може директно да се поврзат со бучавата.

За да не мислите дека производителите на електрични автомобили го нарачале ова истражување, треба да знаете дека истражувањето се враќа во минатото.

Студијата под наслов „Бучавата и нејзините ефекти“ поднесена од др. Алис Х. Сутер од Административната конференција на Соединетите Американски Држави уште во 1991 година укажала на растечката популација, на тесните улици и на високите згради во кои доаѓа до ехо од сообраќајната бучава.

Агенцијата за заштита на животната средина буката ја нарекуваа „несакан или вознемирувачки звук“, велејќи дека звукот „станува непожелен кога ги попречува нормалните активности како што се спиењето, зборувањето или го нарушува или го намалува квалитетот на животот“.

Ова ги вклучува звуците на сирена на њујоршката такси служба кои може да се слушнат од хотелска соба на 22-ри кат, мотоцикли кои звучат како да се тркаат на пат иако возат според ограничувањето, па дури и автомобил кој вози со 50 km/h во тесна улица.

Гласните звуци го „запалуваат“ нашиот нервен систем, го забрзуваат отчукувањето на срцето и ослободуваат хормони на стрес.

Со текот на времето, ова влијае на нашите тела и нè става под ризик од срцев удар, тврди студијата. Истражувачкиот тим собрал информации од базата на податоци MIDAS, складиштето на сите кардиоваскуларни хоспитализации во Њу Џерси, и ги споредил со просечната дневна бучава при транспорт користејќи податоци од Националното биро за сообраќајни статистики.

„Како кардиолози, ние сме навикнати да размислуваме за многу традиционални фактори на ризик, како што се пушењето, хипертензијата или дијабетесот, но…“, вели д-р Абел Е. Морејра, професор по медицина на Одделот за кардиологија на училиштето и главен автор на студијата.