Со оваа Одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати
во просек за 3,42%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени
согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република
Северна Македонија од 02.03.2020 година

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 2,00 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 02.03.2020 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 02.03.2020 година и со тоа, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 54,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство
(ЕЛ-1) изнесува 43,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,495 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 02.03.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 28,895 ден/кг.