Новитети: Mercedes AMG GT S Roadster со 522 КС / ФОТО
Новиот модел во гамата на AMG ќе заземе место помеѓу послабиот GT Roadster и помоќниот GT C Roadster
Mercedes објави фотографии и технички детали за новиот AMG GT Roadster со додаток „S“ во неговото име.
Како и другите два родстери, така и новиот како погон користи 4.0 twin-turbo V8, кој во оваа верзија испорачува 522 КС (384 kW) и 670 Nm максимален вртежен момент.
Како споредба, стандардниот AMG GT Roadster има мотор од 476 КС (350 kW), а AMG GT C Roadster има 558 КС (410 kW).
Новиот AMG родстер е опремен со 7-степен автоматски менувач со двојна спојка, благодарение на што автомобилот од 0 до 100 km/h забрзува за 3,8 секунди, додека максималната брзина е 308 km/h.
Новиот модел во палетата на Mercedes AMG поседува и спортска суспензија, систем за ефикасно сопирање со дистрибуција на моќност од 47:53, а тука е секако и мекиот кров, кој е идентичен со оние на другите два модели на Roadster.
Оние кои сакаат поголема динамика на возење можат опционално да изберат AMG Dynamic Plus пакет, кој се карактеризира со жолти детали на таблата со инструменти и посебен волан кој е обложен со Dynamicа микро влакна.
Тука е и AMG Chrome пакетот на опрема како стандард, кој вклучува сјајни, хромирани делови на предниот сплитер, решетки на отворите за воздух, браниците и дифузерот.
Во внатрешноста, новиот модел изгледа многу слично на другите Roadster модели.
[useyourdrive dir=”1Z3XERxZKBT6UvB_EE-b2YRw4YCx7pwg8″ mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
За клиентите, новиот модел се очекува да биде достапен од јули, а информации за цената сеуште нема.