Новитети: BMW Серија 4 во кабриолет издание / ФОТО+ВИДЕО
Новиот мек врв обезбедува поголем комфор и поголем простор за багаж
Четири месеци по светската премиера на новото купе BMW 4-серија, баварскиот производител го претстави и отворениот модел на ова семејство. Неговата продажба ќе започне во март следната година.
Кога станува збор за дизајнот, нема сериозни изненадувања. Во BMW велат дека се горди на оригиналноста на кабриолетот, кој сериозно се разликува од Серија-3 седанот, но не и со Серија 4, со која разликите изчезнуваат. Во однос на димензиите, двете „четворки“ се идентични, освен висината (должина 4.773 mm, ширина 1.852 mm и меѓуосовинско растојание од 2.850 mm). Кабриолетот е повисок за 1 mm поради различната конструкција.
Во исто време, новиот кабриолет сериозно се разликува од неговиот претходник, кој на пазарот се појави пред 7 години. Претходната верзија имаше тврд склоплив покрив кој се состои од 3 дела. Кај новиот модел, покривот е мек, со што се намалува 40% од неговата тежина. Воедно, волуменот на багажникот при кренат покрив е поголем за 15 литри (до 385 литри), а со спуштен за 60 литри (до 300 литри). Мекиот склоплив покрив се отвора/затвора за 18 секунди (до 50 km/h).
Што се однесува до ентериерот, тој е комплетно идентичен со купе верзијата. Треба да се напомене опционално може да се добие 12,3-инчна инструмент табла спарена со 10,25-инчен централен екран од инфо-забавниот систем.
Автомобилот секако ќе биде достапен со голем број системи за безбедност и помош на возачот. Треба да се спомене Active Guard Plus (содржи информации за ограничување на брзината, систем за предупредување за ненамерно илзегување од сообраќајната лента, предупредување за судир и наидување на пешаци, автоматско сопирање …), опционален Driving Assistant (активен темпомат со stop & go функција, систем за одржување на возилото во лента …), како и head-up дисплеј и Intelligent Personal Assistant (личен асистент).
Палетата на бои ќе содржи неколку атрактивни бои за каросеријата, вклучувајќи ги и San Remo Green, Arctic Race Blue, Sunset Orange и Frozen Deep Gray.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1_DTGy5RVAJBUKDsOXcRscS4G_N0SmVqV” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Гамата на мотори ги вклучува бензинците 420i (184 КС) и 430i (258 КС), како и M Performance M440i xDrive со 6-цилиндерска единица со 374 КС, додека единствениот дизел во понудата е 420d (190 КС).
M440i xDrive вклучува и 8-степен менувач Steptronic, погон на сите четири тркала, диференцијал M Sport, сопирачки M Sport и 18-инчни M тркала (опционално 19-инчни).