Новитети: Bentley Continental GT Mulliner / ФОТО
Bentley подготви нов Continental GT Mulliner, кој своето јавно деби ќе го има за неколку дена на Goodwood Speed Festival.
Опишан како „најбрзиот, најдинамичниот и најлуксузен член на гамата на Continental“, Continental GT Mulliner е придвижуван од надградена верзија на 6.0-литарскиот твин-турбо мотор W12, кој има 17 kW / 24 КС повеќе.
Ова вклучува 485 kW / 650 КС и 900 Nm вртежен момент, доволно за забрзување од 0 до 100 km/h за 3,6 секунди и максимални 335 km/h.
Покрај помоќниот мотор, новиот Continental GT Mulliner се издвојува и со Double Diamond матрикс предна решетка, со препознатлив стил надополнет со соодветни отвори на предните браници во истиот сребрен и црн дизајн, со логото на Mulliner. Достапни се во светло хром или сјајна црна боја, додека страничните капаци на ретровизорите (кои го прикажуваат логото „Mulliner“ на асфалтот кога ќе се отвори вратата) можат да бидат во сатенско сребрена или црна боја.
Што се однесува до внатрешноста, клиентите можат да изберат од широк спектар на нијанси и материјали, вклучувајќи ги сите видови фурнири и шевови. Логото на Mulliner е извезено на седиштата, а часовникот Breitling се наоѓа во средината на централната конзола.
Исто така, Continental GT Mulliner има електронско управување на сите тркала, електронски диференцијал со ограничено пролизгување и прилагодлива суспензија, како и достапни карбон-керамички сопирачки.
Цената се уште не е официјално објавена, но се очекува да биде повеќе од 200.000 фунти.