Новитет од BMW: M4 Competition во кабриолет верзија / ФОТО+ВИДЕО
По стандардната купе варијанта на моделот М4, пред нас е верзијата „без покрив“.
Иако кабриолетите ја губат популарноста од година во година, BMW сè уште не се откажал целосно од нив. Новиот М4 кабриолет воедно е првиот модел со оваа ознака кој е достапен со погон на сите тркала.
Автомобилот го користи истиот мотор како и купе изданието, па дури и братскиот М3. Тоа значи дека под хаубата се наоѓа 3-литарски twin-turbo реден агрегат со 6-цилиндри кој испорачува повеќе од 500 „коњи“. Енергијата се испраќа до двете оски преку 8-степен автоматски менувач, иако постои можност за избор на режим на возење кој ефикасно ќе го претвори овој модел во RWD возило.
Кабрио верзијата на M4 Competition до „стотка“ стигнува за 3,7 секунди, додека максималната брзина е електронски ограничена на 250 km/h. По желба, можно е да се подигне ограничувањето на 280 km/h, доколку се купи пакетот М Driver.
Секако најинтереснoто кога станува збор за кабриолетот е „недостатокот“ на покрив. Овде станува збор за „мек” или покрив направен од платно. BMW наведува дека процесот на отворање / затворање на покривот е многу краток и трае само 18 секунди, а операцијата може да се изведе и за време на возење, под услов автомобилот да не се движи побрзо од 50 km/h. Германската марка истакнува дека овој платнен покрив е 40% полесен од цврстиот кој го користеше кабриолетот М4 од претходната генерација.
Дизајнот суштински не е променет во однос на купе верзијата. На предниот дел доминираат огромните „бубрези“, додека задната страна е украсена со голем дифузер. Значи, сè е исто како кај M4 Coupe. Предните тркала се со 19 инчи, додека задните со дијаметар од 20 инчи.
Промени нема ниту во кабината. Пред возачот има два дисплеја, оној поголем од 12,3 инчи е за инструмент таблата, додека помалиот екран од 10,25 инчи се користи за контрола на инфо-забавниот систем.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1VRaQ6GqHf8kfmEm6momYDzrPws5B8vcv” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
BMW M4 Competition во кабриолет издание во прозиводство ќе се влезе во јули, а цената треба да биде повисока за околу 4.000 евра во споредба со купе верзијата.