Новиот „ѕвер“ на Кристијано Роналдо
Само две недели по „трансферот на векот“ на Кристијано Роналдо од Реал во Јувентус познато е што ќе мора да вози Португалецот
Со оглед на тоа што Jeep е главен спонзор на клубот од Торино, логично беше Роналдо да добие еден од моделите на брендот.
Станува збор за најмоќниот и најскап Jeep Grand Cherokee Trackhawk од 130.000 евра чиј 6.2-литарски V8 мотор развива дури 700 коњски сили, што е во рангот со некои од автомобилите кои ги поседува познатиот фудбалер во својата колекција, како што е Ferrari F12TDF, но сепак неможе да се мери во Bugatti Veyron и Chiron.
Покрај наведените, Кристијано Роналдо поседува и Аston Martin DB9, Lamborghini Aventador LP 700-4, Porsche Cayenne Turbo, Rolls-Royce Phantom, Audi R8 и други.
Новата машина на Роналдо, која на прв поглед не се разликува од другите SUV модели, развива максимални 290 km/h, а до стотка стигнува за само 3,7 секунди