Новиот Volkswagen Passat ќе биде најпространиот во историјата / ФОТО
Германската икона нема да биде достапна како седан, туку само како хечбек и караван
Passat 2023: неофицијален рендер од Auto Express
Откако Volkswagen потврди дека Passat ќе добие нова, 9-та генерација, сега се појасни и некои детали за идниот модел. Автомобилот икона ќе претрпи скоро радикална трансформација, потпирајќи се на поголема практичност и простор во кабината, како и на оптимизирани погонски системи, сметаат експертите од британскиот Auto Express.
Новиот Volkswagen Passat на сцената најверојатно ќе стапи во 2023 година. Моделот ќе биде се нуди како простран караван и како практичен хечбек, а седан верзија нема да има. Практичноста и флексибилноста на моделот ќе бидат водечки, бидејќи тоа ќе бидат одликите што ќе го разликуваат од сличниот по големина, Arteon.
Новиот Golf во комби варијанта порасна во големина, стигнувајќи го сегашниот Passat, така да овој вториот ќе биде поголем во својата нова верзија. Неговото меѓуоскино растојание се очекува да се зголеми на 2,85 метри, што ќе го позиционира покрај Škoda Superb. Ова, покрај тоа што ќе доведе до поголем простор за патниците позади, ќе овозможи и поголем волумен на багажниот простор, што го прави моделот најпрактичен ако не се сметаат кросоверите и лесно товарните возила на марката.
Споменувајќи го Superb, двата модели најверојатно ќе се произведуваат на иста производна линија во фабриката на Volkswagen во Словачка, каде се произведува и Touareg. За новата генерација ќе биде зачувана и MQB архитектурата. Во досегашниот дом на Passat во Емден, Германија, ќе се произведуваат идните сериски наследници на седан концептот ID. Vizzion и ID. Space Vizzion, напојувани од електрична енергија.
Passat 2023: неофицијален рендер од Auto Express
Заради избегнување на внатрешна конкуренција, нема да видиме електрична верзија на Volkswagen Passat. Така, новиот модел ќе се потпре на конвенционални мотори, како и на хибридни единици. Меѓу нив, и покрај сериозниот одлив во последните неколку години, ќе има опција за дизел, барем според тврдењето на британскиот Auto Express. Станува збор за модел со волумен од 2 литри и моќни верзии од 150 до 200 коњски сили, плус опционален погон 4×4 4MOTION.
Нормално ќе има и варијанти на бензин, но посериозно значење ќе им се даде на plug-in хибридните системи, поточно две верзии: eHybrid со 203 КС и GTE со 245. Вториот ќе има поголема батерија од сегашната со капацитет од 13 kWh и ќе нуди километража само на електрична енергија до 100 км. Новите батерии ќе можат да се полнат на помоќни станици – до 11 kW.