Новиот владетел на патеката – Lamborghini Urus ST-X Concept / ВИДЕО
Одделот за мотоспорт во Lamborghini, Squadra Corse, откри тркачка верзија на SUV моделот Urus под ознака ST-X Concept
Urus ST-X Concept е направен исклучиво за трки, врз основа на производната верзија дополнително опремена со безбедносни елементи одобрени од Светската автомобилска федерација (FIA).
Овој моќен SUV има хауба од јаглеродни влакна и поголеми доводи за воздух за лесно ладење на twin-turbo V8 моторот. Моќта е иста – 650 КС и 850 Nm, но ST-X Concept е 25% полесен од производната верзија на Urus.
Тука се и задното крило, хексаголниот тркачки издув и сет од 21-инчни алуминиумски тркала со гуми Pirelli.
Lamborghini, како што велат од компанијата, концептот Urus ST-X не го имаат направено само за покажување, туку планираат да го претстават на трка која комбинира тркање на патека и терен, а која ќе биде резервирана само за Lamborghini.