Новиот теренец во најава од Renault ќе добие добро познато име / ВИДЕО
Добро познато низ Франција и светот, името Espace е логичен избор за новиот теренец на Renault со 5 и 7 седишта. Секоја генерација на моделот Espace растеше во согласност со очекувањата на клиентите, а исто така и новиот модел
Денес, Espace започнува ново поглавје во кое ја обединува стратегијата за обновување на оваа француска марка и во исто време останува доследен на претходните генерации, бидејќи пред се е удобен, иновативен и супериорен автомобил во понудата на Renault.
Темелен на CMF-CD платформата на Алијансата, новиот Espace е направен за долги патувања и нуди доволно простор за најмногу 7 луѓе.
Светската премиера на новиот Renault Espace е закажана за оваа пролет, кога ќе бидат познати повеќе детали за овој модел.