Новиот светски шампион во Formula 1 подготви вистинско уживање за своите фанови. Тој ќе го понуди својот личен автомобил на аукција

Притоа не станува збор за автомобил во кој никогаш не седел, туку автомобил што го користел секој ден. Очекувано, тоа е Honda, Civic Type R. Автомобилот сега ќе биде понуден на аукција преку CarNext, која го понудла уште пред да биде откриен самиот автомобил. Во секој случај, не треба да бидете детектив за да дознаете за кој автомобил се работи.

Понуден е по цена од 33.333 евра, но веројатно ова е само почетната цена. Во тој случај очекуваме голем интерес и уште поголема финална сума бидејќи сигурно има многу фанови кои би сакале да го имаат ова парче историја.

А тука е и хуманата страна бидејќи сите средства ќе бидат донирани на хуманитарното здружение Wings for Life.

Сепак, следува најголемото изненадување. Оваа 2018 Honda со 58.000 km е по многу нешта посебна и прилагодена на карактеристиките на пилотот во Ф1. Верувале или не, описот на автомобилот вели дека има погон на задните тркала. Ако не е грешка, ова може да биде многу интересно.

Да речеме, исто така, дека автомобилот ќе биде претставен на 17 декември.