
Новиот Stonic во GT Line изведба достапен и во Македонија
Од пред неколку дена во салонот на Kia Motors Macedonia може да се види и купи новиот Stonic во GT Line изведба
Надворешниот дизајн на Stonic GT Line е инспириран од моќните GT модели на Kia како Stinger, Ceed GT и ProCeed GT. Ова се манифестира со разликите на предниот и задниот браник. Предниот браник е со интегрирани LED светла за магла, три влезови за воздух на предниот дел на автомобилот и метална решетка по долниот раб. Предната маска има нова подобрена завршна обработка, додека капачињата на ретровизорите се во високо сјајна црна боја. Всушност моделот во GT Line изведба е стандардно опремен со нови целосно LED светла, создавајќи карактеристичен потпис на моделот. Задниот дел има поистакнат заден браник кој се разликува од другите верзии на Stonic, а истиот е дополнет со отвори кои имитираат две издувни цевки и заден дифузер. Надворешниот дел го комплетираат Stonic GT Line 17-инчни алуминиумски тркала кои се добиваат исклучиво во оваа изведба.
Салонот на Stonic GT Line исто така се разликува од останатите изведби. Најочигледна модификација е облогата со ефект на јаглеродни влакна на таблата, завршница уникатна за моделите на GT Line. Седиштата се со зајакнати страници и се во комбинација од црна ткаенина и кожа со контрастни шевови во бело. Тука е и поинаквиот волан обложен со перфорирана кожа и рамно дно. Во центарот на контролната табла се наоѓа големиот 8-инчен едкран на допир од инфо-забавниот кој ја подобрува поврзаноста и контролата на возилото. Системот им овозможува на корисниците да поврзат два мобилни уреди истовремено – еден за употреба на телефон додека другиот за навигација. Новост е и безжичната конекција со Apple CarPlay и Android Auto.
Моделот достапен во салонот на Kia Motors Macedonia, e опремен со 1.0-литарскиот T-GDi агрегат кој развива 100 коњски сили и 172 Nm при 1500-4000 вртежи, а менувачот е 7-степен DCT автоматски.
Новиот Stonic во GT Line ниво на опрема во комбинација со автоматскиот менувач и двобојната каросерија во салонот на Kia Motors Macedonia, чини 21.200 евра.