Новиот шеф на Alfa Romeo незадоволен од идниот Tonale!
Извршниот директор на Alfa Romeo одлучил да ја одложи премиерата на новиот SUV модел, бидејќи е незадоволен со plug-in-хибридното издание на овој модел
Според ANE, Жан-Филип Импарато наредил одложување на дебито на Tonale и побарал натамошно подобрување на plug-in хибридниот состав. Не е јасно на што точно се мислел Импарато за оваа варијанта на Tonale, но се наведува дека тој барал „подобри перформанси“, што во превод може да значи многу нешта, од забрзување, меѓузабрзување, а можеби и возна динамика, автономија во чисто електричен режим или пак потрошувачка на бензин…
Alfa Romeo сè уште нема објавено официјални податоци во врска со гамата на мотори за идниот Tonale, но познато е дека ќе се понуди и plug-in хибридно издание. Бидејќи платформата ќе ја дели со Jeep’s Compass, има смисла да се побара сличност со plug-in хибридот кој може да се види во вториот модел.
Compass користи две варијанти – послабата може да смета на 190 КС, а помоќната 240 КС. Двете конфигурации користат батерија со ист капацитет од 11,4 kWh. Сосема е веројатно дека Tonale ќе добие една од овие верзии, ако не и двете. Alfa Romeo претходно ја отфрли можноста Tonale да добие варијација на тема под име QV.
За италијанскиот производител, Tonale е од клучно значење. Како прво, затоа што тоа е модел во SUV C сегментот, и тоа премиум делот, каде може да се очекува добар резултат од продажбата и во Европа и во Северна Америка. Покрај тоа, Alfa Romeo во моментов е на само два автомобили во своето портфолио, па доаѓањето на Tonale е повеќе од потребно.
Според ANE, новиот SUV ќе дебитира три месеци подоцна од планираното, што значи дека премиерата најверојатно ќе се одржи на почетокот од 2022 година.