Новиот Santa Fe го подигнува Hyundai ново повисоко ниво / ФОТО+ВИДЕО
Базиран на нова платформа, новиот Santa Fe на Hyundai доаѓа со најсовремените хибридни опции за погон
Последната генерација на еден од своите најпопуларни модели, Hyundai ја претстави на почетокот на 2018 година, за да по нешто повеќе од една година, јужнокорејската автомобилска компанија реши Santa Fe да добие ново издание, кое заради обемот на промените е несоодветно да се каже дека станува збор за темелен редизајн, затоа што SUV моделот меѓу другото е базиран на нова платформа.
Новиот Santa Fe е првиот модел на Hyundai во Европа и првиот воопшто Hyundai теренец ширум светот, заснован на целосно новата, трета генерација платформа на марката. Со учество на систем кој го контролира протокот на воздух, новата платформа го подобрува движењето на воздухот низ oтворите на погонскиот агрегат со што се овозможува расејување на топлината. Ова ја зголемува стабилноста во долниот дел на автомобилот. Стабилноста на автомобилот е дополнително засилена со пониската позиција на тешките компоненти во платформата, што ја намалува тежината и го спушта центарот на гравитација. Аеродинамиката исто така е подобрена така што отпорноста на воздухот се сведува на минимум за да се обезбеди одлична горивна ефикасност, моќност и перформанси.
Што се однесува до дизајнот, на новото лице на Santa Fe доминира голема решетка на ладилникот, а тука се и интересните куќишта за дневните LED светла со Т-форма, како и видливите промени на задните светлосни групи што придонесува за визуелно поголема широчина на моделот, кој е поставен на нови 20-инчни алуминиумски тркала.
Иако не се познати сите спецификации, ентериерот на автомобилот, во кој сè е средено со меки материјали, нуди повеќе простор за патниците.
Покрај централно поставениот 10,25 инчен дисплеј преку кој се контролира мултимедијалниот систем, на дигиталната инструмент-табла за возачот е поставен екран од 12,3 инчи, а тука се и седумте работни програми кои ја регулираат работата на моторот, менувачот и погонот.
Новиот Santa Fe е првиот Hyundai модел во Европа кој ќе се нуди со новиот хибриден и plug-in хибриден мотор Smartstream. За жал, компанијата во моментов не дава никакви официјални податоци на оваа тема, но тоа наскоро ќе се промени, бидејќи новиот Santa Fe во европските салони треба да пристигне во септември, а сите технички спецификации и цени на SUV моделот Hyundai ќе ги објави пред почетокот на продажбата, за која очекуваат да го продолжи успехот на неговиот претходник.