Новиот Porsche 911 спектакуларно претставен на Алпите / ФОТО+ВИДЕО
Новата 911-ка со деби во снежна околина
По светската премиера на саемот за автомобили во Лос Анџелес на крајот од ноември 2018 година, осмата генерација на спортската автомобилска икона беше презентирана на високото подрачје Арејт-Алм во Австрија. Тоа беше првото појавување на возилото по саемот. За оваа цел, прикачена на хеликоптер, новата 911-ка е пренесена кон Алм, кој се наоѓа на надморска височина од 1.408 метри. На настанот присуствувале и д-р Волфганг Порше, претседател на Надзорниот одбор на Porsche AG, Албрехт Рејмолд, член на Извршниот одбор одговорен за продукција и логистика, амбасадорите на брендот Валтер Рерл и Марк Вебер, како и возачите Тимо Бернард и Ричард Лиец.
Помоќен, побрз, дигитален: новиот 911
Новиот 911, како и секогаш, поставува стандарди за иднината, во поглед на ексклузивните спортски карактеристики и непогрешливо имплементирање на дизајнот и добро познатата ДНК на Porsche. Интелигентните системи за контрола на стабилноста и шасијата, како и иновативни системи за помош, ги комбинираат бескомпромисните динамики на класичниот спортски автомобил со мотор во задниот дел со барањата на дигиталниот свет. Сегашните модели Carrera S се опремени со унапредени турбо мотори со извонредни 331 kW (450 КС). Моќта се испорачува преку новиот менувач со двојна спојка и осум брзини. И двата Ѕ модели од нула до 100 km/h забрзуваат за помалку од четири секунди. Опремени со опционалниот Sport Chrono пакет, Carrera S со погон на задните тркала до 100 km/h забрзув за само 3,5 секунди, додека 911 Carrera 4S со погон на сите тркала истото го постигнува за 3,4 секунди. Максималните брзини изнесуваат 308 km/h (911 Carrera S) и 306 km/h за верзијата со погон на сите тркала.
Мотоспорт спектакл на снег и мраз
Презентацијата е одржана пред таканаречената GP Ice Race на познатиот Zell am See ски центар. Ова е ново издание на легендарната „ледена“ трка која се одржувала од 1937 до 1974 година. Настанот, кој се одржа оваа сабота и недела на спортскиот аеродром Зел, за гледачите понудил многу спортски активности со класични, актуелни и рели возила – вклучувајќи бројни Porsche модели. Околу 130 учесници биле дел од околу 600 метри долгата патека на мраз, помеѓу кои и победникот на Ле Ман – Ханс-Јоахим Штук, како и бренд амбасадорите на Porsche – Марк Вебер и Валтер Рерл.