Извршниот директор на Opel, Мајкл Лохшелер ја прими наградата Интернационален ван на годината 2021 за новиот Opel Vivaro-е

Јоханес Рајхел ја додели наградата во име на меѓународното жири на IVOTY во седиштето на Opel во Риселсхајм. Притоа, Андреас Марк, шефот на Opel за Германија ја и германската награда.

„Новиот Opel Vivaro-е покажува што се може електрично комерцијално возило“, изјави Лохшелер при примопредавањето на трофејот. „Vivaro-е го нуди истиот капацитет за товар како и секоја друга варијанта на моделот, но со нула емисии. Престижната награда „Интернационален ван на годината“ е потврда за тоа. Воодушевени сме од наградата и му благодариме на стручното жири за нивниот глас“.

Opel Vivaro-е се нуди во три должини – 4,6 метри (S), 4,95 метри (M) и 5,30 метри (L) – и неколку верзии на каросеријата, вклучувајќи фургон, патничка кабина и само платформа. Во зависност од варијантата на моделот, Vivaro има простор за товар до 6,6 кубни метри и носивост од 1.200 килограми.

Клиентите можат да изберат помеѓу две големини на литиум-јонската батерија, во зависност од нивните потреби: од 75 kWh до 330 km или, за оние кои го користат своето возило помалку, со 50 kWh и опсег до 230 km, обете по WLTP циклус. 

Достапен е широк спектар на системи за асистенција и напредни технологии, вклучително и Head-Up Display, помош за одржување на возилото во сообраќајната лента, предупредување за поспаност, предупредување за челен судир, помош за сопирање во итни случаи и камера за возење наназад од 180 степени.

Наградата за новиот Vivaro-е е само продолжение на успехот на Opel кога станува збор за наградата IVOTY. Opel Combo Cargo ја освои титулата Compact Van во 2019 година, и заедно со следната генерација на големиот Movan, наскоро ќе го дополни портфолиото на Opel со електрифицирани лесни комерцијални возила.

Loading...

AnimeDao overlord animedao: Bleach Episode 366

AniWatch free anime: Watch Rascal Does Not Dream of Bunny Girl Senpai Episode 5 (https://aniwatch.pro/m/Ko11/ep-5)