Новиот модел на Bugatti е подготвен за производство
Bugatti веќе лансираше неколку специјални верзии на Chiron, но ова е посебен модел
Навистина, овој модел во основа ја носи архитектурата и погонот на Chiron, но со значителни промени. Сепак, станува збор за автомобил кој ја одбележува 110-годишнината на компанијата, но и голем пресврт во бизнисот создаден под новата групација со додавање на името на Римац.
Како потсетување, Centodieci првпат е прикажан во летото 2019 година на Pebble Beach Concours d’Elegance, а оттогаш во Bugatti успеле да направат прототип и да поминат дури 50.000 тест километри со него, вклучително и тест на издржливост на патеката Нардо во северна Италија. Токму на оваа патека долга 12,6 километри и ова Bugatti се обидело да вози со максимални 380 km/h.
Како што откриваат од Bugatti, тестниот Centodieci одработувал 1.200 тест километри дневно и запирал само кога била потребна замена на возачот, ревизија и технички преглед на возилото. Од компанијата се свесни дека ретко кој автомобил ќе вози со полна брзина, но нивната филозофија е дека таквите работи мора темелно да се проверат.
Сосема логично, особено ако се земе предвид дека секој купувач ќе плати најмалку осум милиони евра за овој автомобил. Да потсетиме, Centodieci е модерна интерпретација на EB 110, а се придвижува од познатиот 8.0 W16 мотор со моќност од 1.600 КС. До 100 km/h стигнува за 2,4 секунди.