
Новиот Mercedes-Maybach S-Class: нова дефиниција за луксуз / МЕГА ФОТО ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО
Предводникот во гамата е подолг и пораскошен за успешно да се справи со конкуренцијата во форма на Bentley Flying Spur и Rolls-Royce Ghost
Новата генерација на Mercedes-Benz S-Class дебитираше на почетокот од есента, но тогаш производителот ги покажа верзиите на моделот со стандардно и продолжено меѓуоскино растојание. Сега им се придружува најудобната и најбогато опремена верзија со значката на Mercedes-Maybach, чија презентација се одржа во веќе прифатениот нормален формат – на сопствената дигитална платформа Meet Mercedes Digital.
Деталите овде се најважни. Така секој Maybach S-класа има уникатна двобојна каросерија. Фарбањето е рачно, а целиот процес може да трае и до една недела по автомобил.
Mercedes Maybach S-класа е целосно подреден на патниците на задните седишта. Така, 18 mm подолгото меѓуоскиното растојание во однос на продолжената Ѕ-класа) обезбедува дополнителна удобност за патниците во задниот дел на возилото.
Кога се гледа надворешноста на верзијата Maybach, разликите се јасни во споредба со стандардниот модел. Нова решетка со вертикално поставени хромирани оддели. Од страна може да се види дека задната врата е поголема отколку кај „обичната“ S класа, додека на столбот С има ознака Maybach која е осветлена. Зборувајќи за задните врати, тие можат да се отворат со едно копче од возачкото седиште, така што возачот не мора да го напушта возилото за да влезат патници.
Дигитализацијата која беше видена со новата генерација на S-класата продолжува и со изданието Maybach, и каде и да се погледне може да се види по некој екран. Пред возачот, потоа во централната конзола, во задниот дел на предните седишта, помеѓу задните седишта… Секако, акцентот е на комфорот и удобноста без преседан за патниците позади.
Тие се привилегирани, па имаат можност за масажа во седиштата, па дури и масирање на потколениците, а на нивните седишта има и грејачи за вратот. Тука е и новиот систем за амбиентално осветлување со кој може да се командува гласовно или со гестови со раце. Mercedes особено посочува дека Maybach S-класата е модел кој нуди апсолутна тишина во возилото.
Кога станува збор за моторизацијата и возењето, Maybach S-Class ја презема палетата на мотори што се нуди и со стандардниот модел. Во зависност од пазарот, клиентите ќе може да изберат помеѓу Mercedes-Maybach S580 4Matic погонуван од twin-turbo 4.0-литарски V8 со 496 КС и 48-волтен благ хибрид кој дава дополнителни 21 КС, како и S650 со V12 кој користи twin-turbo 6-литарска единица со 621 КС комбинирана со погон на сите тркала. На одредени маркети достапна ќе биде и plug-in верзија подржана од 3-литарски 6-цилиндерски бензинец кој со електормоторот ќе дава 503 КС.
Ваквата долга лимузина секако нема да биде лесна за вртење во урбани услови, па затоа во Mercedes решиле на Maybach управување и со задните тркала, што значително го намалува кругот за завртување. Покрај тоа, S-Class Maybach располага и со целосно прилагодлива воздушна суспензија, која за еден момент го трансформира автомобилот од спортски ѕвер во удобен крстосувач.
[useyourdrive dir=”1zwpZmhmCJIHQiQrCQ7Vfr-HYLYVCkLI3″ maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
За време на презентацијата е објавено дека претстојниот електричен колега на S-класата – EQS, ќе има своја Maybach, со што овој подбренд ќе влезе и во областа на EV моделите. Maybach е од голема важност за Mercedes, а шефот на оваа марка Ола Келенијус веќе најави понатамошно диверзифицирање на понудата на ултра луксузни возила.