Новиот Mercedes-Maybach Pullman: 6,5 метри чист луксуз
Mercedes ja претстави рестилизираната верзија на својот најскап седан модел, а покрај козметичките промени, унапредување има и за моќниот V12 мотор
Производителот на Штутгарт современата инкарнација на моделот Pullman ја презентираше уште во 2015 година, за три години подоцна, овој престижен автомобил да го претрпи и првиот редизајн.
Супер-луксузнипот ВИП седан од 6,5 m има меѓуоскино растојание од дури 4,4 метри, а освежената верзија добила нова предна маска, браник и светла (по урнек на „обичниот“ Mercedes-Maybach S-класа, чија рестилизирана верзија беше претставена минатиот месец).
Автомобилот е поставен на специјални 20-инчни алуминиумски тркала, а како и кај стандардниот Mercedes-Maybach Ѕ-класа, производителот нуди две бои на каросеријата.
Внатрешноста е достапна во неколку дезени и видови на високо квалитетни материјали кои можат да се најдат во модерните автомобили. Како и претходно, постојат две посебни, одделни седишта за ВИП-патниците кои се возат во задниот дел со електрично подесување на седечката положба.
Аудио системот е поделен на два посебни сегменти, кои можат да се прилагодуваат посебно – еден за предниот дел од салонот, а другиот за патниците на задното седиште.
Mercedes ја подобрил и погонската единица, па така моќниот 6.0 V12 би-турбо, наместо 530 КС и 830 Nm сега испорачува до 630 КС (463 kW) и 1.000 Nm, доволно за оваа луксузна лимузина од 0 до 100 km/h да забрзува за 6,5 секунди.
Mercedes тврди дека просечната, фабричка декларирана потрошувачка во комбиниран циклус е 14,6 l / 100 km, иако оваа бројка, дури и ако не е точна, најверојатно воопшто не е важна за типичниот сопственик на ваков автомобил.
Mercedes-Maybach Pullman за 2019 година веќе може да се нарача по цена од околу половина милион евра, а наскоро се очекува и блиндирана варијанта на овој модел, која се рабира ќе биде поскапа.