Mercedes објави нова фото галерија од втората генерација на својот најмал кросовер

Новиот Mercedes GLA дебитираше кон крајот на минатата година. Тој е 10 сантиметри повисок од неговиот претходник така што неговата висина сега е 1.616 mm. Иако е 15 mm пократок (4.410 mm), GLA нуди повеќе простории за нозете на патниците на задната клупа.

Новиот GLA оди чекор понатаму и кога станува збор за безбедноста благодарение на современите помагала за помош на возачот. Тука се унапредените функции на Driving Assistance пакетот и Active Brake Assist за автономно сопирање во ситуации кога возачот не реагира навреме за да избегне судир или при брзина до 60 km/h кога пешак се приближува до пешачки премин.

Во ентериерот се истакнуваат две варијанти со мултимедијални системи – едната со два 7-инчни екрани и другата со еден 7-инчен екран и еден од 10,25 инчи.

Главните протагонисти во новата фото сесија се бензинскиот GLA 250 и дизелот GLA 220d. Првиот добива моќност од 2.0-литарска единица со 224 КС и 350 Nm. Моторот е спарен со 8-степен автоматски менувачи, а автомобилот достигнува 100 km/h за 6,9 секунди, додека максималната брзина е 240 km/h. Овој модел е достапен и со 4Matic погон на сите тркала, при што забрзувањето до стотка е за 6,7 секунди.

Оние кои сакаат дизел можат да изберат 220d, кој мисто така оже да се нарача и со погон на сите тркала. Под хаубата се наоѓа 2.0-литарски турбо дизел со 190 КС и максимален вртежен момент од 400 Nm. Во верзијата со погон на предните тркала, GLA 220d до 100 km/h забрзува за 7,4 секунди и развива 217 km/h, додека во варијантата 4Matic, до 100 km/h забрзува за 7,3 секунди со максимална брзина од 219 km/h.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1HnCx4CzpRMhHF8CbGoBl4v7bW_ropBNt” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]