И покрај заедничката основа, на прв поглед тешко би рекле дека гледате во возило што има врска со Ranger. VW променил се!

Volkswagen ја претстави новата генерација на својот пик-ап Amarok. Автомобилот е драстично модифициран во споредба со неговиот претходник до тој степен што немаат апсолутно ништо заедничко. Имено, наместо сопствена архитектура, Volkswagen одлучи да го изгради новиот Amarok на основата на Ford Ranger.

Последната генерација на Amarok се појави на пазарот уште во 2010 година и беше многу успешна – 830.000 продадени примероци. Во Volkswagen решија да заштедат на новата генерација Amarok со партнерство со Ford, што е многу логичен избор бидејќи Ranger моментално е еден од најпопуларните и најсофистицирани пик-ап модели во светот.

И покрај заедничката основа, на прв поглед тешко би рекле дека гледате во возило што има врска со Ranger. Volkswagen се обидел да ги промени сите детали на автомобилот што е можно повеќе. Надворешниот дизајн е целосно променет, а во внатрешноста Amarok наликува на Ranger со исправениот централен екран на допир. Исто така, дел од копчињата и рачката на менувачот се директно преземени од Ford. И покрај ова, внатрешноста на Amarok всушност изгледа сосема поинаку отколку во Ranger.

Што се однесува до димензиите, автомобилот пораснал за 10 сантиметри во должина. Во долгата верзија меѓуоскиното растојание пораснало за цели 17 сантиметри и сега изнесува 327 сантиметри. Тоа значи значително повеќе простор на задните седишта во верзијата со двојна кабина, но и поголем товарен простор кој може да собере две евро палети. Носивоста на автомобилот е до 1.200 килограми, а максималната тежина на приколка е импресивни 3,5 тони.

Volkswagen ќе нуди тркала со дијаметар од 17 до 21 инчи, а дополнителната опрема вклучува LED Matrix светла како и аудио систем Harman Kardon. Тука се и повеќе од 30 различни системи за помош на возачот, од кои 20 се сосема нови.

Во внатрешноста автомобилот има голем исправен екран за инфо-забавниот систем кој има дијагонала од 10 инчи во основната верзија и 12 инчи во поскапите верзии. Дигитални инструменти со дијагонала од 8 инчи се стандардни, а се нуди и поголема верзија.

Amarok ќе доаѓа со три типа на погонски единици. Основата е со погон на задните тркала, додека врвот на гамата е постојан автоматски погон на сите тркала. Средната опција е „вистински теренски“ инклузивен погон на сите тркала кој до денес има „преживеано“ само кај ретко мал број автомобили.

Палетата на мотори се состои од 4-цилиндерски и V6 дизели, додека за некои пазари како врвна опција ќе се нуди бензинец со четири цилиндри. Трите 2.0 TDI мотори развиваат 150, 170 и 209 КС, а 3-литарските V6 дизели имаат 240 и 250 КС. Бензинскиот мотор има четири цилиндри и волумен од 2,3 литри и развива 302 КС. Автоматскиот менувач има дури 10 брзини, а стандардно доаѓа со сите мотори со повеќе од 200 КС. Се очекува дека наскоро меѓу погонските системи ќе биде вклучен и plug-in хибрид, а Volkswagen наводно размислува и за електрична верзија.

Автомобилот ќе се произведува во фабриката на Ford во Преторија, Јужна Африка, а Volkswagen ќе понуди пет нивоа на опременост. 

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1_0Imo-ZoDlYRWCW8QdANNyxJcSzTaxsy” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Автомобилот доаѓа на пазарот на крајот на годината.