Новата генерација на корејскиот теренец полека но сигурно го наоѓа патот до европските клиенти. Поен плус кон тоа е тестот на „Северниот елен“

Hyundai Tucson е еден од најпопуларните модели во својот сегмент. Неговата сегашна генерација го привлекува вниманието со својот извонреден дизајн и нуди висок степен на квалитет на ентериерот. Тука се и големиот број безбедносни системи кои му помагаат на возачот.

Дали ова значи дека можете да сметате на целосна стабилност при динамично менување на траекторијата со голема брзина? Општо е познато дека „џиповите“ баш и не се за такви маневри. Ова не е поврзано само со тежината на возилото, туку и со тежиштето, што е многу поголемо отколку кај конвенционалните патнички автомобили. 

Поради сето ова интересно е да се види како најновата генерација на бестселерот на Hyundai го поминал овој тест.

Експертите одлучиле да проверат колку брзо можете да возите и да одржувате совршено управување. Се испоставило дека автомобилот лесно ја одржува вистинската насока со 71 km/h.

Дури на 78 km/h, Tuscon е малку надвор од рамнотежа. Сепак, за компактен теренец, резултатот е одличен, а пресуден за тоа е правилно подесениот систем за контрола на влечата.