Новиот Golf GTi дебитира во март
Покрај верзијата GTI, во 2020 година се олекуваат и други верзии со високи перформанси како што се GTD, Golf R и plug-in хибриден GTE
Осмата генерација на Golf беше лансирана оваа есен, а новиот Golf GTI „фатен“ без камуфлажа за време на зимските тестирања.
Според неофицијалните најави, овој модел својата светска премиера ќе ја има на Саемот за автомобили во Женева, кој традиционално се одржува во првата половина на март. Како и неговиот претходник, новиот Golf GTI се очекува да биде достапен во две верзии – и двете ќе се придвижуваат со надградена верзија на EA888 2.0-литарскиот турбо бензинец од сегашниот Golf GTI Mk VII.
Основниот GTI ќе има околу 255 КС, а поекстремниот околу 295 КС, додека моторите ќе бидат спарени со 6-степен мануелен или 7-степен автоматски менувач со двојна спојка.
По својата мартовска премиера, Golf GTI Mk VIII во европските продажни салони ќе пристигне во втората половина на 2020 година.
Во Европа на клиентите ќе им биде достапен и новиот Golf GTD, како и plug’in хибридниот Golf GTE, чии премиери се очекуваат исто така следната година.