![Новиот Еуро 7 стандард „нож во грб“ за бензинските и дизел мотори веќе во 2025 година?!](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2018/11/ceni-goriva.jpeg)
Новиот Еуро 7 стандард „нож во грб“ за бензинските и дизел мотори веќе во 2025 година?!
Со цел да се исполнат еколошките цели за животната средина утврдени во Парискиот договор за климатски промени, ЕУ има намера дополнително да ги заостри границите на емисии за јаглерод диоксид (СО2), азотни оксиди и други издувни гасови
Европската автомобилска индустрија може да биде принудена за пет години целосно да го запре производството на автомобили чиј погон се моторите со внатрешно согорување (SUS), доколку ограничувањата на емисиите наметнати од Европската унија, во наредниот период, станат премногу строги.
Претседателkata на Германското здружение на производители на автомобили (VDA), Хилдегард Милер, смета дека воведувањето на планираниот стандард Еуро 7 во пракса би било забрана за автомобили со SUS мотори веќе во 2025 година.
Тука, сепак, сеуште има многу непознати, бидејќи врз основа на студијата на Европската комисија, која треба да ги утврди новите гранични вредности, односно новите норми на стандардот Еуро 7, сè уште не е решено ништо.
Достапните информации, сепак, сугерираат дека идните регулативи, во некои случаи, ќе бидат многу построги од правилата на сегашниот стандард.
Европската унија треба да ги објави спецификациите на новиот стандард Еуро 7 најверојатно до крајот на оваа година, кога оваа ситуација, како и судбината за понатамошно производство на бензинци и дизели, ќе стане појасна.