Германскиот Audi потврди дека новата генерација на моделот R8 ќе биде електрифицирана, иако во Инголштат се уште не одлучиле кој тип на мотор ќе користат

Директорот на Audi спорт одделот, Оливер Хофман, вели дека компанијата има неколку интересни концепти за следниот R8, но суперавтомобил нема да има само мотор со внатрешно согорување (SUS).

„Мислам дека нема да развиваме наследник на актуелниот модел со атмосферски мотор, ниту стандарден SUS мотор. Во иднина моделот R8 ќе биде електрифициран, иако сé уште не сме одлучиле на кој тип на електрификација треба да работиме. Засега нема одлука. Имаме многу интересни концепти во врска со моторот, како и целиот концепт на автомобилот. Сепак сеуште немаме решение“, вели Хофман.

Сегашната втора генерација, е базирана на платформата на која беше направен и Lamborghini Huracan, а во продажба е од 2015 година. Автомобилот се придвижува со V10 5.2 FSI моторна единица.