Нови безбедносни системи од Volvo / ВИДЕО
Пред околу четири години, Volvo ја претстави својата програма Vision 2020, која предвидува дека до таа година, возилата на компанијата мора да обезбедат ниво на безбедност за патниците кое ќе биде толку високо, што речиси ќе оневозможни жртви во сообраќајот, па дури и посериозни повреди на патниците
За оваа цел да се спроведе, компанијата во меѓувреме воведе цела низа на системи за активна и пасивна безбедност, а пред две недели стигна и најавата за ограничување на максималната брзина на возилата на Volvo до 180 km/h, почнувајќи од следната година.
Развојните тимови на Volvo не запираат тука и на специјално организиран настан, претставија уште едно технолошко решение кое, како што се очекуваше, значително придонесува за зголемување на нивото на безбедност на патиштата.
Според податоците на администрацијата на САД за прашања со безбедноста на јавниот сообраќај (American National Highway Traffic Safety Administration – NHTSA), во текот на 2017 година, 30% од сите несреќи кои се случиле на американските патишта, имале ист тип на учесници – возачи под дејство на алкохол.
Токму поради ваквите статистички податоци, Volvo развил систем кој ќе ги спречи луѓето под дејство на алкохол да управуваат со возилото. Притоа, овој систем ќе ги спречи и ситуациите каде вниманието на возачите е на несоодветно ниво или ниво на поспаност.
Познато е дека систем кој треба да ги спречи возачите под дејство на алкохол да управуваат со автомобилот, веќе постои. Имено, пред стартување на моторот потребно е да се „дувне“ во цевче на алкометар, и ако резултатот е негативен, компјутерот ќе дозволи стартување на агрегатот. Системот, јасно има недостатоци, а со него може да се манипулира на тој начин што лице кое не конзумирало алкохо ќе го направи тестот, додека зад воланот потоа ќе седне алкохолизираната особа.
Затоа Volvo нуди друго решение. Во внатрешноста на автомобилот има две или три камери, врз основа на чии фотографии, со читање на изразот или мимиките на лицето, како и обемот на зениците и аголот под кој се отвораат очите на возачот, компјутерот го оценува степенот на можна алкохолизираност, поспаност или други состојби кои не се пријатели на концентрацијата на возачот.
Покрај тоа, различни сензори постојано го проценуваат времето на реакција на возачот на различни предупредувања, како што се анализира и положбата на рацете на возачот на воланот, додека надворешните камери ја контролираат позицијата на возилото во сообраќајната лента.
Volvo Key Care –
дел од стандардната опрема на сите возила што се користат во сервисите за споделување на автомобили (Car Sharing)
Ако системот регистрира значителна расеаност на возачот автоматски ќе ја ограничи брзината на движење, во прв момент, а потоа за ситуацијата ќе го извести сервисниот центарот со комерцијалното име Volvo on Call. Во случај да изостане реакција на возачот на предупредувањето, електрониката автоматски ќе го запре возилото на безбедно место, па дури и ќе го паркира ако постои соодветно место покрај патот.
Volvo верува дека овој тип на одвраќање на возачите од возење додека се алкохолизирани ќе биде попродуктивно од системите за пасивна безбедност во случаите кога несреќата е неизбежна. Систем сличен на претставениот ќе биде поставен во следната генерација возила на брендот Volvo, која ќе лежи на модуларната SPA2 платформа. Возилата од оваа генерација ќе дебираат следната година, додека бројот на камери, како и нивната позиција во автомобилот ќе бидат објавени подоцна.
Има уште една новина која нè очекува во идните возила на брендот. Имено, компанијата презентираше клуч кој е подложен на програмирање, и се нарекува Care Key. Сите сериски примероци на Volvo ќе бидат опремени со овој клуч, почнувајќи од моделната 2021 година.
Со овој клуч на возачите ќе им се овозможи да постават ограничување на брзината за движење на возилото за лицето кое го стартува моторот со конкретниот клуч копија. Оваа опција секако најмногу ќе ги радува грижливите татковци, родители, сопрузи… Сепак, ова технолошко решение и не е толку ново, имајќи предвид дека Ford нуди сличен систем (MyKey) веќе неколку години.
Volvo подготвил и база на податоци EVA (Equal Vehicles for All), која овозможува пристап до сите безбедносни достигнувања на брендот. Почнувајќи од педесеттите години, инженерите на Volvo ги проучувале податоците во врска со 43 илјади сообраќајни несреќи, во кои 72 илјади луѓе на еден или друг начин, го загубиле животот.
Поентата е во тоа што информациите собрани на овој начин, ќе станат достапни за сите, па дури и за конкурентските производители, што е гест и манир со кој Швеѓаните може да се гордеат, бидејќи тие секогаш така и се однесувале.