Новата Opel Zafira-e Life: ексклузивно патување со нулта емисија
Opel продолжува да ја електрифицира својата гама, а нов член е електричната варијанта на Zafira Life
Моделот има има до девет места за патници и достапен е во во три должини, Small, Medium и Large. Интересно е тоа дека повеќето верзии на моделот Zafira-e Life се пониски од 1,90 метри, а тоа значи дека можат да пристапат до типични подземни гаражи, важни за хотелите.
Со своите 100kW (136 КС) и 260 Nm максимален вртежен момент, Zafira-e Life нуди повисоки перформанси од другите MPV возила. Електронски ограничената максимална брзина од 130 km/h овозможува крстарење на автопатот без да се намали електричната автономија.
Клиентите можат да изберат помеѓу две верзии на литиум-јонската батерија, во зависност од нивните потреби: 75 kWh за автономија до 330 километри (идеално за големи семејства) или 50 kWh за автономија до 230 километри, и двете според стандардот WLTP1.
Батерискиот пакет се состои од 18 и 27 модули, а сместен е под товарниот дел, каде што не прави проблем во однос на понесениот багаж, а од друга страна, дополнително го спушта центарот на гравитација, што придонесува за подобра стабилност во кривините и во услови на силен ветрот.
Со користење на 100 kW полнач (едносмерна струја) потребни се околу 30 минути за батеријата од 50 kWh да се наполни до 80% (околу 45 минути за батеријата од 75 kWh). Opel нуди вградени полначи кои гарантираат времето поминато на приклучок да биде што е можно пократко, а батеријата (опфатена со осумгодишна гаранција / 160.000 км) има долг век на траење.
Во зависност од пазарот и инфраструктурата, Zafira-e Life содржи трофазен 11 kW или еднофазен 7.4 kW вграден полнач.
За употребата на возилото да биде уште попрактична, OpelConnect, myOpel и Free2Move Services – бренд за мобилност на групата PSA – нудат специјални решенија за сите електрични возила на Opel, вклучително и Zafira-e Life. Услугите се достапни преку овие апликации.
Функцијата „наполни го мојот автомобил“ од апликацијата Free2Move Services ви овозможува пристап до повеќе од 160.000 точки за полнење низ цела Европа, вклучително и плаќање на услугата. За на клиентите да им биде полесно да го изберат вистинското место за полнење, апликацијата Free2Move Services прави избор врз основа на одалеченоста до местото на полнење, брзината на полнењето и моменталната цена на полнењето.
Благодарение на функциите од OpelConnect апликацијата, клиентите можат да ги користат своите паметни телефони за да го проверат статусот на батеријата или употребата на климатизерот и времето на полнење. Покрај тоа, портфолиото на OpelConnect се движи од eCall повици и дефекти до голем број други услуги, како што се статусот на возилото и информации. LIVE Navigation3 обезбедува информации за сообраќајот преку интернет во реално време.
Новиот целосно електричен Opel MPV располага со голем број на системи за асистенција на возачот. Камерата и радарот го следат делот пред возилото. Системот препознава и пешаци што минуваат на патот и може самостојно да го сопре возилото во случај на потреба при брзина до 30 km/h. Тука се и прилагодливиот темпомат кој ја прилагодува брзината спрема возилата напред и по потреба може да ја намали брзината до 20 km/h, како и системот за следење на лентата на возење како и предупредување на возачите на знаци за поспаност ако поминале премногу време зад воланот и ако им треба одмор. Предните светла автоматски се прилагодуваат помеѓу кратки и долги, а системот се вклучува над 25 km/h.
Со мултимедијалниот систем се подразбираат и функциите Apple CarPlay и Android Auto. Благодарение на OpelConnect, системот за навигација вклучува информации за сообраќај во реално време. Моќен звучен систем е достапен во сите нивоа на опременост. Во врвната верзија, патниците може да уживаат во првокласна акустика со десет звучници.
Резервациите треба да бидат отворени ова лето.