СПД, Зелените и либералите силно ќе инсистираат на проширување на електромобилноста и мрежата за полнење електрични автомобили

Во Германија, парламентарните избори завршија, како што веројатно знаете, со релативната победа на социјалдемократите (СПД), кои сега се договараат за владејачка коалиција со, најверојатно, Зелените или либералите (ФПД). СПД и Зелените силно се залагаа за ограничување на брзината од 130 km/h на оние делови од германските автопатишта каде што нема ограничувања, a Либералите беа против ограничувањe на брзината.

Според информациите од Германија, една од важните ставки на коалицискиот договор е сообраќајната политика и решението на прашањето за автопатиштата и потенцијалните ограничувања на брзината. Договор е постигнат и ограничување нема да има.

СПД, Зелените и либералите силно ќе инсистираат на проширување на електромобилноста и мрежата за полнење електрични автомобили.