Новата генерација на Opel Corsa ќе доживее драстични промени
Многу наскоро, се очекува лансирањето на новата генерација на Opel Corsa, прва откако германската компанија стана дел од француската групација PSA, така што овој модел ќе биде многу важен за брендот
Со ова на ум, новата Corsa ќе доживее драматични промени во однос на генерацијата што заминува, тврди изданието Autocar.
Новата Corsa ќе ја користи CMP (Common Modular Platform) платформата на PSA на која е базиран на и новиот Peugeot 208, а станува збор за платформа со мотор и погон на предниот дел на возилото, која овозможува широк спектар на агрегати.
Постојат шпекулации дека новата Corsa прва ќе го престави новиот 1.2-литарски 3-цилиндерски турбо мотор кој на клиентите треба да им понуди совршена комбинација на перформанси и економичност.
Кратко време по премиерата на хечбекот следната година, ќе биде преставена и електрична верзија под ознаката eCorsa. Овој модел ќе биде лансиран кратко време откако електричниот Peugeot 208 ќе се најде на пазарот.
Благодарение на сопствеништвото на PSA, се очекуваат и големи промени во дизајнот на Corsa, кој треба да биде првиот модел од семејството на Opel кој ќе ја добие новата стилска насока на брендот воведена со концептот GT X Experimental.
Како таков, автомобилот ќе ја добие нова Vizor маска на брендот и редизајнирани фарови. PSA ќе ја укине Corsa со три врати, поради слабата побарувачка за овој тип на автомобил, што знали дека ќе се продава само модел со пет врати.