Новата функција Car-to-X на Mercedes открива ударни дупки на патот
Ударните дупки можат да бидат вистински кошмар за возачите
Тие лесно можат да предизвикаат пукање на гумите, па дури и оштетување на бандажите. Тоа не е се, бидејќи оштетување може да претпрпат и суспензијата и оптиката на трапот.
Бидејќи никој не сака да губи пари секој пат кога ќе удри во дупка, Mercedes го решава овој проблем за своите клиенти.
Германскиот производител додава некои безбедносни атрибути на своите патнички возила уште од 2016 година, и тоа на новите модели од C и S-класата, како и EQS. Имено, ако системот открие дупка или „лежечки полицаец“, а услугата „Car-to-X“ е активирана, информацијата, заедно со податоците за позицијата, комуницира во реално време со серверот на Mercedes.
Сите автомобили од оваа марка кои се во таа област ќе бидат информирани, а локациите се означени со икони на навигационата мапа. Околу 10 секунди пред возилото да стигне до спорното место, звучен сигнал го известува возачот и иконата дополнително се нагласува.
Патничките автомобили на Mercedes, кои се произведуваат од 2016 година, чии сопственици имаат отворена сметка, активирана услуга „Car-to-X Communication“ и достапност на интернет, ќе добијат предупредувачка гласовна информација „Traffic event ahead“.
Во новата C и S-класа како и EQS, предупредувањето гласи: „Look out, pothole!“ Или „Attention speed bump“. Дополнителни предупредувања се достапни на сите 36 јазици на инфо-забавниот систем.
Компанијата вели дека новата технологија за откривање на ударни дупки е тестирана во Тестниот технолошки центар на компанијата.
Кога ќе се достигне одреден праг при ненадејно оптоварување на суспензијата, новите генерации на C и S класата, како и EQS, можат да детектираат ударни дупки. „Лажечките полицајци“ се воочуваат со користење на сличен алгоритам.