Новата Е-класа означува пресвртница: Mercedes става крај на ерата на дизелот и бензинот!
Бројот на варијанти на мотори ќе се намали со воведувањето на стандардот Euro 7
Како што стојат работите денес, Е-класата со своите деривати е последниот модел на Mercedes изграден на чиста платформа со мотор со внатрешно согорување – вели шефот за развој на Mercedes, Маркус Шефер за германскиот Automobilwoche. Најдоцна до 2030 година, Mercedes има намера да произведува само електрични возила – барем онаму каде што тоа го дозволуваат пазарните услови, што во овој случај е Европа. Досега, S и C-класата исто така се базираа на оваа платформа и ќе бидат исфрлени од употреба на крајот на нивниот моделски циклус, можеби дури и пред 2030 година.
Новата и најнова генерација на бизнис седанот ќе биде претставена на крајот на годината, а на пазарот ќе се појави на пролет. Сите следни модели 2024/2025 година ќе се засноваат на архитектури специјално дизајнирани за работа со батерии. Под ова име E-класата се произведува од 1993 година и е поуздан бестселер.
Истовремено, ќе се намали и бројот на варијанти на мотори со воведувањето на стандардот за издувни гасови Euro 7. Според Шефер, соработката со Renault завршува. Французите повеќе нема да бидат во игра за развој на мотори за компактни возила. Mercedes ќе произведува глобален мотор во соработка со кинескиот Geely.