По многу шпекулации, BMW конечно потврди дека новата генерација на Серија 1 ќе пристигне до крајот од оваа година

По осум години, BMW ja подготвил новата генерација која најверојатно ќе биде откриена на Саемот на автомобили во Франкфурт во средината на септември.

Неколку пати фотографирана под камуфажа за време на јавни тестови, новата Серија 1 добила комплетна промена не само на основата, бидејќи станува збор за платформата FAAR, туку и во смисла на дизајнот.

Меѓутоа, најголемата промена што нема да им се допадне на најголемите фанови на BMW е преоѓањето од заден на преден погон. Сепак, ова му овозможило на BMW да го прошири патничкиот салон, бидејќи тоа и беше најголемата мана на овој автомобил.

Покрај тоа, баварскиот производител наводно ќе штеди повеќе од 700 евра на секој примерок со преден погон во споредба со оние со заден погон.