Нова ѕвезда во премиум сегментот: BMW 8-Series Coupe (ФОТО+ВИДЕО)
По скоро 20 години, BMW ja враќа, речиси заборавената, Серија 8 во својата гама. Иако претходно постоеше само една генерација од овој модел, со кодно име E31, ова име остана едно од најлегендарните. Токму затоа, автомобилските ентузијасти со нетрпение ја чекаа втората генерација, која конечно е гордо исправена пред нас
BMW во Ле Ман го претстави новото најлуксузно купе во својата гама на модели. Како што и се очекуваше, сериската верзија има поконвенционален и помалку авангарден дизајн споредбено со концептот со исто име од минатата година.
Како и останатите големи класични купе модели, така и BMW автомобил е се одликува со долга хауба, а новиот модел има спуштен „нос“ и агресивен преден дел со широка решетка на ладилникот и малку заоблени предни светла. Големите трапезоидни отвори на издувните цевки интегрирани во масивен дифузер, се пак карактеристика на задниот дел од возилото.
LED светлата се стандардни, а клиентите можат да ги нарачаат и футуристичките ласерски фарови на BMW.
Внатрешноста, како и надворешноста, малку е поинаква споредбено со концептот од минатата година, но BMW сепак ги задржал двата големи дигитални дисплеи – еден 10.3-инчен, поставен пред возачот наместо конвенционална, аналогна инструмент табла со инструменти, а другиот, 12.3-инчен го опслужува инфо-забавниот систем на возилото.
Меѓу опциите се и безжичен полнач за паметни телефони и премиум аудио систем Bowers & Wilkins.
На почетокот од продажбата на BMW 8-Series Coupe, ќе биде достапен моделот M850i xDrive со 4.4 bi-turbo V8 мотор, во спрега со автоматски менувач со осум степени на пренос.
Оваа единица испорачува 530 КС (390 kW) и 750 Nm максимален вртежен момент. Автомобилот од 0 до 100 km/h забрзува за само 3,7 секунди, а максималната брзина е електронски ограничена на 250 km/h.
Бидејќи BMW сеуште не се откажува од дизелите, клиентите кои ќе се одлучат за оваа опција, ќе бидат во можност да купат 840d xDrive верзија со 6-цилиндерски 3.0 би-турбо мотор кој произведува 320 КС (235 kW) и 680 Nm. И во овој случај, моќта до тркалата се пренесува преку автоматик со осум степени на пренос. BMW 840d xDrive од место до стотка стигнува за 4,9 секунди, а максималната брзина е електронски ограничена на 250 km/h.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”15I875PXATV18I59UJxBpZ7c-TQO6THOT” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
ВИДЕО
BMW 8 Серија Coupe во европските малопродажни салони пристигнува во ноември, цените сеуште не се познати.