Нова убава вест за возачите! Од полноќ нови намалени цени на безините
Со последната одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,34% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 08.08.2022 година
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 88,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 90,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 85,50 ден/лит.
Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 08.08.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 90,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 52,786 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 4,114% или за 38,800 $/тон, кај дизелот намалување во просек за 2,263% или за 22,550 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 3,513% или за 33,400 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 1,290 или за 7,800 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 60,2405ден/$ и е за околу 0,005 % понизок од курсот на доларот (60,2433 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.