Системот ќе биде достапен од следната година за BMW моделите опремени со iDrive 7 и Live Professional Cockpit

На некои возачи им е полесно да ги избегнуваат отколку да ги следат правилата, а за таквите BMW има нов производ. Во основа, системот на Баварците ги следи системите кои предупредуваат на полициски камери, како што е Wazе. За разлика од Waze, кој всушност е голема шпионска мрежа во која возачите ги пријавуваат локациите на камери, па тоа се внесува во мапа, системот на BMW се базира на детекција. Имено, во соработка со Here Technologies (компанија во сопственост на BMW, Mercedes и Audi), развиен е систем (камера на возилото) кој на патот открива ласерскиот зрак од мобилна или фиксна камера насочен кон автомобилот. Во моментот на откривање, возачот добива звучно предупредување дека го снимаат.

Системот ќе биде достапен од следната година за BMW автомобилите опремени со iDrive 7 и Live Professional Cockpit.

Треба да се знае дека многу земји, како што е Германија, не дозволуваат какви било информации за сообраќајните камери, па затоа BMW ќе избира пазари каде ќе може да ја понуди оваа функционалност која ќе биде бесплатна во првите три месеци, а потоа ќе се наплаќа.

Можеби зад сето ова стои високо ниво на технолошка интелигенција, но системот може да биде и опасен. Замислете возач како паничо сопира на рамен дел од патот, автопат на пример, откако ќе биде предупреден дека го снимаат?!