Нова студија открива кои возила привлекуваат најмногу внимание!
Многу автомобили може да се опишат како стилски, но една нова студија користејќи технологија за следење на очите открива кои возила најмногу привлекуваат внимание.
Во студијата објавена од AutoTrader UK, на 32 луѓе им биле покажани 40 слики од популарни возила во различни категории. Додека се прикажуваа сликите, „движењата на очите на учесниците се следени и снимени за да се прикаже просечното време потребно за фиксирање на секоја слика од автомобилите, како и просечното време поминато во гледање на секоја слика.
По сите анализи и пресметки, Porsche 911 севкупно е најатрактивен бидејќи постигнал резултат од 91% и луѓето го гледале во просек 2,51 секунди. По Porsche следат Lexus LC и Ferrari F40, со резултат од 88%. Луксузните и егзотичните брендови доминираат во севкупното топ 20 рангирање.
Rank | Car | Average Time Spent (seconds) |
Average Time to First Fixation (seconds) |
Overall WeightedScore |
---|---|---|---|---|
#1 | Porsche 911 | 2.51 | 2.51 | 91% |
#2 | Lexus LC500 | 1.93 | 2.06 | 88% |
#3 | Ferrari F40 | 2.05 | 2.18 | 88% |
#4 | Lamborghini Urus | 2.40 | 2.95 | 83% |
#5 | Bugatti Veyron | 1.40 | 2.05 | 78% |
#6 | Mercedes-Benz AMG GT | 2.00 | 3.00 | 74% |
#7 | Audi R8 | 2.04 | 3.08 | 74% |
#8 | Lotus Emira | 1.74 | 3.25 | 66% |
#9 | McLaren 720S | 1.35 | 2.70 | 65% |
#10 | BMW i8 | 1.65 | 3.25 | 64% |
Студијата ги групира гореспоменатите Porsche 911, Lexus LC и Ferrari F40 во категоријата суперавтомобили. По нив следуваат Lamborghini Urus и Bugatti Veyron, кои имаат атрактивни оценки од 83% и 78%, соодветно. Со ова тие се пред Audi R8, Lotus Emira и McLaren 720S.
Студијата покажува и дека Porsche Taycan е електричното возило кое најмногу привлекува внимание со резултат од 86%. Луѓето во просек поминувале 5,63 секунди гледајќи во него, што се чини дека е најдолгото време во студијата. Следи Tesla Model 3 со резултат од 84%. Изненадувачки, MG 4 EV е на третото место со резултат 64%, победувајќи ги Audi e-tron, Kia EV6 и Volkswagen ID.3.
Rank | Car | Average Time Spent (seconds) |
Average Time to First Fixation (seconds) |
Overall WeightedScore |
---|---|---|---|---|
#1 | Porsche Taycan | 5.63 | 3.09 | 86% |
#2 | Tesla Model 3 | 3.86 | 2.25 | 84% |
#3 | MG4 EV | 2.11 | 2.49 | 64% |
#4 | Kia EV6 | 2.64 | 2.49 | 62% |
#5 | MINI Electric | 1.91 | 2.59 | 60% |
#6 | Audi e-tron | 2.58 | 3.07 | 60% |
#7 | Polestar 2 | 2.09 | 2.99 | 56% |
#8 | Vauxhall Mokka Electric | 1.39 | 3.07 | 49% |
#9 | Volkswagen ID.3r | 1.39 | 3.52 | 44% |
#10 | Renault ZOE | 1.10 | 3.57 | 44% |
Во категоријата „секојдневен автомобил“, на првото место е BMW Серија 3 со резултат од 84%. Учесниците во истражувањето го гледале во просек 4,27 секунди, што било највисоко во класата. Следи Volvo XC40 со оценка од 82%, потоа Golf со 71% и Hyundai Tucson и Mercedes A-Class, и двата со резултат 70%.
Rank | Car | Average Time Spent (seconds) |
Average Time to First Fixation (seconds) |
Overall WeightedScore |
---|---|---|---|---|
#1 | BMW 3 Series | 4.27 | 2.79 | 84% |
#2 | Volvo XC40 | 3.18 | 2.09 | 82% |
#3 | Volkswagen Golf | 2.26 | 2.10 | 71% |
#4 | Hyundai Tucson | 2.45 | 2.27 | 70% |
#5 | Mercedes-Benz A-Class | 2.62 | 2.39 | 70% |
#6 | Toyota Yaris | 1.56 | 1.89 | 68% |
#7 | Land Rover Defender | 3.38 | 3.32 | 68% |
#8 | Audi A3 | 2.13 | 2.59 | 61% |
#9 | MINI Cooper | 1.48 | 2.17 | 61% |
#10 | Nissan Qashqai | 2.00 | 2.60 | 60% |