Нова опасност: Се крадат воланите во автомобилите поради воздушните перничиња!
Лудоста по катализатори и вредни материјали во нив е толку голема што во некои делови на светот кражбата на автомобили е интензивна, но сега се појавува и нов тренд, кој започна во Америка, а тоа е кражба на волани за автомобили
Многу сопственици на автомобили, најчесто Chevrolet Malibu и Equinox, дошле од Детроит и околината со информација дека им бил украден воланот. Како да се објасни новиот феномен што преовладува меѓу криминалците?
Одговорот е коронавирус пандемија! Секако, коронавирусот е виновен за сè, вклучувајќи го и недостигот на воздушни перничиња, бидејќи фабриките беа затворени подолго време и сега не можат да одговорат на побарувачката.
Наводно, механичарите плаќаат „онака баш добро“ на црниот пазар, за да добијат вредни воздушни перничиња, а крадците секогаш се подготвени да ги испорачаат со откинување на целиот волан. За два дена украдени се дури 11 управувачи во малото гратче Истпоинте во близина на Детроит.
На Chevrolet возилата, новиот волан со воздушно перниче чини повеќе од 1.500 USD, а замислете колку би требало да платите за волан од Audi А8 или BMW Х6?!