Новата играчка на Кен Блок е жестоко модифициран F-150

Кен Блок, кој се има испробано во цела низа на автомобилски спортски дисциплини, се прослави со серија од видеа на YouTube наречена Gymkhana. Кен Блок сега се подготвува за десетиот дел од споменатата серија, а според плановите во видеото ќе бидат монтиран материјал од пет автомобили.

Најновиот додаток во колекцијата е штотуку тјунираниот F-150, подготвен за дрифт. Станува збор за автомобил од 1977 година, а погонската единица доаѓа од Ford GT. Пикапот на Блок користи twin turbo V6 мотор, кој, по детална обработка, сега испорачува цели 914 КС. Оваа дрифт машина има и интегрален погон.

Вака преработениот F-150 ќе дебитира на Amazon Prime, каде што Кен Блок од 16-ти ноември ќе ја емитува својата емисија Gymkhana Files. Американецот вели дека неговите фанови на YouTube нема да останат лишени од уникатни, возбудливи снимки, а првата од нив на оваа платформа ќе биде ставена на 17-ти декември.