Инцидентот е повторно во Аризона, но овој пат автономното возило нема никаква вина

Во САД е регистриран нов сериозен инцидент кој вклучува самоуправувачко возило. Во него учествувал миниван Chrysler Pacifica кој припаѓа на компанијата Waymo (подружница на Google за развој и создавање на автономни возила).

Сепак, овој пат, вината не е на самоуправувачкиот автомобил. Барем така се вели изјавите на очевидците на инцидентот во кој автомобилот бил удрен од друг автомобил – во случајот Honda. Од полицијата го потврдуваат ова мислење, додавајќи дека тие бараат и друг автомобил кој претходно ја удрил Honda-та по што следел удар во миниванот на Waymo.

Несреќата, во која полесно е повреден задолжителниот возач при вакви тестирања, а воедно инженер за тестирање на Waymo, се случила во Чендлер, Аризона. Тоа е сосема блиску до Тампа, каде на 18 март автомобил на Uber, движејќи се во автономен режим удри и усмрти жена која поминувала преку патот.

По оваа несреќа, компанијата го запре тестирањето на самоуправувачки автомобили во САД, но другите компании кои работат на слични проекти продолжуваат со тестовите.