Нов рекорд во решавање на Рубиковата коцка – поставен од робот / ВИДЕО
Робот успеал да ја реши Рубиковата коцка за само 0.38 секунди и со тоа да постави нов апсолутен рекорд
Бек Кац и Џаред Ди Карло создале робот кој постигнал нов рекорд во решавањето на Рубиковата коцка. Роботот се состои од шест Kollmorgen ServoDisc U9-series мотори и две PlayStation Eye фото камери.
За да се осигураат дека секој мотор ротира независно еден од друг, наместо истовремено, тие користеле уникатна AND плоча и min2phase алгоритам.
Креаторите велат дека ако уште малку се поработело на роботот, тој би добил уште повеќе на брзина.