Публиката воодушевена од новите „лица“ на модната сцена, а тимот на Dolce & Gabbane успешно го привлече вниманието на светските медиуми

Расправите за тоа која манекенка е премногу тенка или премногу дебела за да биде лице кое ќе понесе една ревија наскоро може да биде минато.

Имено, на неодамна одржана модна ревија на која модната куќа Dolce & Gabbane ја претстави колекцијата есен / зима 2018, а отворањето не го одработиле како што е тоа вообичаено манекенките – туку беспилотни летала.

Беспилотните летала, едно по едно, излегуваат на модната патека и ги „прошетуваат“ најновите чанти од новата колекција.

За да бидат сигурни дека беспилотните летала ќе ја одработат својата премиера во светот на модата, нивните „придружници“ стојат на работ од модната писта. Имено, најистакнатите гости секогаш се во првите редови, па не би било пријатно некој подивен дрон да ги закачи.

За секој случај, организаторите побарале од посетителите да го исклучат WiFi сигналот на своите мобилни уреди, за да се избегне било какво нарушување на сигналот.

Како оваа премиера на модната писта изгледа во живо, можете да погледнете и сами во приложеното видеото.