Нов рекорд – со Tesla поминал 900.000 киломтери!
Сопственикот рекордер на Model S претходно поминал 620.000 километри со Teslа Roadster
Дека електричните автомобили се навистина издржливи, покажува примерот на еден Model S, кој досега има поминато над 900 илјади километри во својот животен век. Сопственикот на овој автомобил, германецот Хансјорг Геминген, го сподели ова достигнување неодамна на Twiter со напомена дека очекува до крајот на годината да ја заокружи километражата на 1.000.000.
Now I did it? https://t.co/m3PGfF2u3L pic.twitter.com/SChxAz1o5S
— Hansjörg Gemmingen (@gem8mingen) July 14, 2019
#NeuesProfilbild pic.twitter.com/V641Vfw1Dl
— Hansjörg Gemmingen (@gem8mingen) July 14, 2019
Инаку, станува збор за верзија на Model S P85, чиј пакет батерии еднаш е веќе заменет. Интересно е тоа што Генинген претходно има постигнато извонреден резултат со уште еден модел на Tesla – првата генерација на Roadster, со кој поминал 620.000 километри.