Моделот Conceptcat ќе се појави под брендот Ora

Кинескиот концерн Great Wall, кој вклучува неколку различни подбрендови на автомобили, го претстави својот електричен спортски модел Ora Conceptcat. Засега, фастбекот кој изгледа како Porsche Panamera од 2009-2016 година, сè уште е прототип, а неговата премиера ќе се одржи на aвтo салонот во Шангај на 19 април.

Судејќи според фотографиите, Conceptcat (преведено од кинески – Mачка молња) цели кон премиум сегментот. Фастбекот е опремен со активно крило, камери наместо класични ретровизори, рачки на вратите кои се повлекуваат, врати без рамки за прозорите…

Електричниот автомобил има кожен ентериер, а инструмент панелот пред возачот е поделен на три дела – исто како во Porsche. Во центарот на предниот панел е големиот екран на мултимедијалниот систем.

Досега, Great Wall ги нема откриено техничките карактеристики на моделот, како и дали има шанса да влезе во сериско производство. Во моментов, брендот Ora нуди компактен електричен хечбек Good Cat, кој потсетува на Fiat 500 и дизајниран во ретрофутуристички стил, субкомпактниот Ora White Cat, Ora Black Cat, кој е во стилот на MINI и кросовер купе Ora iQ5.

На саемот за автомобили, марката ќе прикаже уште еден концептен модел – електричен хечбек во форма на легендарната Буба на Volkswagen. Неговото име ќе биде утврдено по гласањето на социјалните мрежи, кое во моментов е во тек.