Производителите на автомобили веќе неколку години работат на идејата за искористување што повеќе простор на шофершајбната

Ништо не е доволно добро во автомобилската индустрија, односно секогаш може да биде повеќе и подобро, а една од најважните теми е презентацијата на содржината. Со визија за брзо имплементирање на напредни технологии во своите возила, Volvo Cars основаше фонд за ризичен капитал во 2018 година. Тој му дава пристап на Volvo до стартапи со висок потенцијал во различни области како што се автономно возење, електричен транспорт и вештачка интелигенција, кои се очекува да направат радикални промени во автомобилската индустрија.

Неодамнешната инвестиција во израелскиот стартап Spectralics и дава можност на шведската компанија да го револуционизира корисничкото искуство во автомобилот со претворање на целото ветробранско стакло во head-up дисплеј. Стартапот има позадина во развојот на воздухопловна технологија. Од особен интерес за Volvo е основниот производ на стартапот, повеќеслојниот тенок спој (MLTC), нов тип на оптички филм што може да се примени на секаков вид површина или големина. Кога се нанесува на стакло, може да се користи за прикажување содржина, што го прави идеален кандидат за изработка на head-up екрани преку целата должина и ширина на стаклото.

Производителите на автомобили веќе неколку години работат на идејата за искористување што повеќе простор на шофершајбната. Моментално достапните екрани се мали, поради ограничувањата на трошоците или за да се осигура дека тие нема да станат што ќе влијае на концентрацијата на возачите.

Решението на Spectralics му овозможува на Volvo да понуди голем head-up дисплеј што му помага на возачот прикажувајќи само релевантни информации. Како што забележува Popular Science, технологијата може да се комбинира со камери свртени напред за да ги скенира сообраќајните знаци или да ги забележи пречките на кои на возачот би можело да му се привлече вниманието преку екранот.