Нов план: Volkswagen ќе инвестира огромни пари во електричните автомобили и софтвер!
Целта е 50 отсто од продажбата да биде исклучиво електрични возила на глобално ниво до 2030 година
Групацијата Volkswagen објави план за идни инвестиции. Севкупно, VW и другите брендови планираат да инвестираат 180 милијарди евра помеѓу 2023-2027 година во најатрактивните профитни фондови, вклучувајќи ја особено стратегијата за батерии на Групацијата, зголемување на присуството во северноамериканскиот регион, зголемување на конкурентноста во дигитализацијата и производите во Кина, како и продолжување на развојот на водечкото портфолио на производи на Групацијата. Повеќе од две третини (68 проценти) од инвестициите ќе одат во идните области на дигитализација и електрификација. Во последниот петгодишен план таа изнесуваше 56 отсто. Ова значи дека Volkswagen, Audi, Škoda, Seat… сериозно се посветуваат на електричната мобилност и се движат во јасна насока.
Инвестициите на Volkswagen во технологијата на мотори со внатрешно согорување ќе го достигне врвот во 2025 година, кога ќе стапат на сила новата строга регулатива за емисии Еуро 7 во Европската унија, по што истите ќе се намалат бидејќи групацијата ќе се концентрира на целта – 50 отсто од продажбата да биде исклучиво електрични возила на глобално ниво до 2030 година.