Нов паметен телефон за оние кои не можат да си дозволат скапи телефони
Кинеската компанија Huawei, покрај актуелното претставување на новата премиум линија P20 модели како и моделот Porsche Design Mate RS, размислува и за корисниците кои не можат да си дозволат или едноставно не сакаат да користат паметни телефони од повисоката класа
Токму за нив Huawei го претстави Y7 Prime 2018, ценовно подостапен модел наменет за млади луѓе.
Како и другите модели кои носат ознака 2018 во своето име, така и Y7 Prime 2018 има сооднос 18:9 на екранот од 5,99-инчен со резолуција од 1440 x 720 пиксели.
Новиот Y7 има две задни камери со примарен сензор од 13MP и секундарен од 2MP дизајниран за bokeh ефекти. Предната камера на телефонот има сензор од 8MP.
Телефонот, чие „срце“ е Qualcomm Snapdragon 430 SoC процесор е опремен со 3GB RAM и 32GB простор за складирање на податоци.
Сензорот за отпечаток од прст се наоѓа на задниот дел на уредот. Уредот има три отвори за картички, така што е можно да се користат две SIM картички и една microSD картичка во исто време.
Y7 Prime 2018 користи Android 8.0 Oreo и EMUI 8.0 кориснички интерфејс, а батеријата има капацитет од 3000mAh.
<iframe width=”700″ height=”394″ src=”https://www.youtube.com/embed/q6jBfVNhiKs” frameborder=”0″ allow=”autoplay; encrypted-media” allowfullscreen></iframe>
Телефонот ќе биде достапен во црна, сина и златна боја. Цената сеуште не е објавена.